Разговор, анкети и фотографии
Договорете се. Одлучете заедно.
Секој план има свој разговор, па муабетот останува со планот наместо да се изгуби во преполна група.

Разговор за секој план.
Во разговорот се само луѓето од планот. Промените во планот се гледаат веднаш во разговорот.

Прашај ја групата.
Не можете да одлучите каде после? Додај брза анкета во планот. Пријателите што доаѓаат гласаат, ги гледаат резултатите и можат да се премислат додека анкетата не се затвори.

Еден албум за фотографиите од сите.
Кога планот ќе почне, секој што доаѓа ги додава своите фотографии во заеднички албум, па не мора да ги бараш една по една. Албумот останува 30 дена по планот.

Екраните се од англиската верзија на апликацијата.
Прашања
Кој го гледа разговорот за планот?
Луѓето од планот. Кај јавните планови, листата на гости и разговорот се отвораат откако ќе се приклучиш.
Може ли да го сменам гласот?
Да, додека анкетата не се затвори.
Кој може да додава фотографии во албумот?
Тие што доаѓаат на планот.
Симни ја Tajfa.
Направи го првиот план за една минута и покани ги пријателите, без разлика каков телефон имаат.





